Дури 82,1 отсто од починатите од коронавирусот во Македонија до 17 јануари годинава имале и други заболувања, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

– Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.135) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 557,0/100.000 жители. Регистрирани се 1718 смртни случаи кај лица од машки и 997 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2003 се регистрирани коморбидитети, а најчесто кардиоваскуларни болести, дијабет и белодробна и други болести, покажува статистиката на ИЈЗ.