Иранските власти запленија странски брод, што се обидел да шверцува гориво од земјата. Неговиот екипаж е приведен, информираше денеска државната новинска агенција ИРНА.
Иран има најниски цени на гориво во светот. Поради голем број субвенции и поради падот на вредноста на националната валута се бори против шверцување гориво по копно во соседните земји, како и по морски пат кон земјите од Арапскиот Залив.
Бродот носел над 550.000 литри шверцувано гориво. Запленет е и испратен до пристаништето во јужната провинција Хормозган, каде им е предаден на истражните органи.
– Успеавме да го идентификуваме и да го задржиме бродот, што носеше шверцувано гориво, изјави шефот на провинциската гранична полиција, Хосеин Дехаки.
Изминатите месеци, иранските власти запленија неколку бродови поради шверцување гориво.