Дури 78 проценти од студентите кои се идентификуваат како трансродови или слични сексуално дезориентирани лица ги исполнуваат критериумите за најмалку едно ментално нарушување, покажа студијата на универзитетот во Бостон.

Сара Кетчен Липсон од Школата за јавно здравје на универзитетот Бостон откри дека податоците од Студија за здравиот ум од 2015-2017 година покажала дека студентите од „родови малцинства“ имаат четири пати поголема веројатност да страдаат од најмалку едно ментално нарушување во однос на колегите кои својата сексуална ориентација ја поврзуваат со биолошкиот пол.

„Ова е круцијално време за решавање на проблемите со менталното здравје на студентите и честопати наидуваме на симптоми на учениците. Ова е особено важно за студентите кои се идентификуваат како не-бинарни, трансродови или  квир”, вели таа.

Речиси 60 проценти од родово-дезориентирани студенти имаат проблеми со депресија, се вели во студијата, а повеќе од една третина изјавиле дека го сериозно размислувале да се самоубијат.

Особено, трансродовите студенти имаа висока стапка на обиди за самоубиство – повисока од сите други „родови малцинства“.

Студијата исто така откри дека студентите со природна сексуална ориентација во 45% од случаите ги исполнуваат критериумите за ментални нарушувања. Распространетоста на депресија кај нив е околу 30 проценти, што не е занемарливо.