По денешното сведочењето на Сашко Коцевски, вработен во Собранието со должност да се грижи за електронскиот систем, за начинот на кој е избран Талат Џафери за претседател на Собранието, а според кого Ахмети, Манојловски и пратениците на Беса не гласале при фалсификат изборот, па нема шанса да биле избројани 61 глас, Кацараска на записник доби исказ дека е сторено кривично дело на 27 април лани при фалсификат изборот на претседател на Собранието и е должна тоа да го достави до Обвинителството.
Од друга страна, бидејќи сведочењето на Коцевски веќе го има и по медиуми, на Јовевски не му треба Кацарска, туку е должен сам да го побара записникот со изјавата на Коцевски. Зашто, замсилете некој на судење да сведочи дека било извршено убиство (за кое никој не води постапка иако има пријава), а судијата и Обвинителството да си молчат.
Но, чекај малку, зошто зборувам глупости? Па таму, на сведочењето на Коцевски е присутен обвинител на Јовевски кој го води и застапува обвинението за 27 април! Така? Е, сега, што прави обвинител кога некој пред него ќе сведочи дека било сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, а кое предизвикало настани поради кои истиот обвинител креира обвинение за тероризам за над 30 лица? Ајде, ова не е тешко и за Амди Бајрам.
Патем, додека не се расчисти ова, Кацарска би требало да го прекине судењето за 27 април. Зашто една е ситуацијата ако настаните биле предизвикани поради сторено кривично дело од страна на пратениците на СДСМ и ДУИ (за ова не важи нивниот имунитет бидејќи немаше свикано легална седница, како што не би важел имунитетот ни доколку пратеник во Собранието убие некого), а сосема е друга ако немало никаква провокација. Ајде, имате таму Кривичен законик, имате Закон за кривична постапка, внатре се убаво ви пишува.