Пази те молам, ќе се бореле против фејк њуз луѓето кои дојдоа на власт со фејк њуз, односно со ширење на лаги, дезинформации и манипулации. И не само што дојдоа на власт на еден таков перфиден начин туку и така ја спроведуваат власта, со лаги и манипулации.
Уште Забрчанец ни држи предавање како координираното ширење лаги за манипулација на населението било напад врз демократијата. Е така де пиле, веќе 4 години не малтретирате со фејк њуз, ги излудевте граѓаните со манипулации, да не зборувам за родителите на Мартин Нешковски чиј татко се самоуби, за дедото на Тамара кој го излудевте до степен да посака да го убие Тодоров, за сега да треба да лежи во затвор додека вие се перчите во удобните фотељи на Илинденска бб. Да те потсетам за Младенов? Па како шаравте убијци по плоштадите истуравте црвена боја драматично повикувајки за правда за Мартин, а фино го слушнавме сега целиот разговор, не она делче кое го пласираше твојот премиер за да предизвика бес кај граѓаните. Манипулацијата за убиените деца на Смилковско ја заборави? Заборави ли како Премиерот ги лажеше нивните родители дека ќе ја дознаат вистината за нивната трагична смрт? Да те потсетувам ли и за датумот за преговори кој шо го добивме лани во јуни, а сега гледаме дека извесно нема да го добиеме ни во октомври. А за зголемените пензии кои наводно се зголемија ама всушност зголемувањето е само 0,7% наместо 1,83 % со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се укина усогласувањето на пензиите со порастот на платите. Ама не, тоа не ве спречува да ја манипулирате и во очи да ја лажете оваа група на граѓани и ако некој се побуни против вашите лаги ќе биде обвинет за фејк њуз и ширење на дезинформации. И да не редам уште еден куп лаги и дезинформации зготвени во кујната на Роберт Поповски, а послужени од екипата на Забрчанец. Мошне перверзно, Гебелс да ви позавиди.
Јасно ни е на сите дека владата е главниот генератор на фејк њуз, она што ме загрижува е што се отпочнува кампања на замолчување на сите оние кои мислат поинаку од владата и кои не сакаат да молчат за грабежот кој ни се случува. Страшно е што ексклузивитетот за одлучување за тоа што е, а што не е фејк њуз ќе го има власта, односно групата за борба против дезинформации во која се начукани претставници од МВР, УБК, МО, АР….кои ќе следеле и анализирале кој шири дезинформации односно во превод кој е гласен против дејанијата на оваа влада ќе биде следен, анализиран и замолчен.
Браво бе, не само што не вративте во 1949 туку и бетер од тоа, знам дека сте југоносталгичари ама бар можевте да се обидете да ги прескокнете удбашките методи во име на демократијата за која така “ревносно” се боревте.
Орвел кажал “Моќта не е средство, таа е крајниот резултат. Никој не воспоставува диктатура со цел да се заштити од револуција, револуцијата се креира со цел да се воспостави диктатура. Предмет на прогон е прогонување. Предмет на тортура е тортура. Предметот на моќта е моќ.”
Јасно ни е на сите е како дојдовте и што правите, но вам треба да ви биде јасно дека како што дојдовте така и ќе си одите, и да ќе си лежите.

Мартина Антиќ