За мојата визија за економски напредна држава, идна членка на ЕУ, вечерва продолжуваме со караванот трибини на СДСМ во Тетово, најави претседателот на Владата и претседател на владејачкиот СДСМ, Димитар Ковачевски.

– Разговараме со граѓаните за резултатот од антикризните мерки и политики, за мојата визија за економски напредна држава, идна членка на ЕУ, за инвестициите во нови фабрики и енергетската транзиција којашто ја спроведуваме. Се гледаме вечерва во Тетово, во Домот за културата. Силно и одлично кон иднината, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.

Ковачевски е партиски активен како пред избори. Досега одржа партиски трибини во многу места низ Република Македонија, каде што одеше наутро како премиер, а навечер како лидер на СДСМ одржува трибини со членовите и симпатизерите на неговата партија.

Тој досега на трибините со „стани да те види сала“ ги претстави како „незаменливи“ министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. Можеби ќе има и следен „стани да те види сала“ во Тетово?

(Д. Г.)