Професорот Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ е прв кој најавува кандидатура за лидеркста позиција во партијата, откако СДСМ синоќа ја утврди оставката на досегашниот претседател Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори.
-Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истактани членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, вели Ковачевски во изјава за Фокус.
Ковачевски од Заев беше најавен како негов можен наследник. Тој е доктор на економски науки и вонреден професор на Американ Колеџ, кој во својата кариера бил на директорски позиции во Телеком и Оне Вип Македонија.