Во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-6, Штип-15, Прилеп-3, Тетово-19, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-2, Пробиштип-2, Свети Николе-1, Ресен-3.

Починати се четворица пациенти, по еден од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар. Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-43, Штип-1, Битола-1, Ресен-3, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово (56 г.). Во ГОБ „8 Септември“ почината е  пациентка од Скопје (56 г.). Во болницата во Гостивар почината е пациентка (71 г.) и во Прилеп пациент на 83 години.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557. Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 3.071, активни 2.007
•       Куманово 756, активни 299
•       Дебар 92, активни 40
•       Штип 345, активни 160
•       Прилеп 261, активни 36
•       Тетово 700, активни 384
•       Струга 220, активни 135
•       Велес 185, активни 40
•       Битола 51, активни 17
•       Охрид 167, активни 143
•       Кавадарци 19, активни 13
•       Гостивар 119, активни 63
•       Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 15, активни 10
•       Крива Паланка 15, активни 9
•       Радовиш 4,
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 69, активни 22
•       Пробиштип 19, активни 11
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 4, активни 2
•       Пехчево 6, активни 3
•       Берово 2,
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 3,
•       Делчево 1,
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 28, активни 24
•       Кичево 30, активни 25
•       Ресен 103, активни 94
•       Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1140 теста се преку: ИЈЗ –489, Авицена –106, Биотек –110, МАНУ -115, Клиника „Жан Митрев“ -180,  Систина  со PCR метода -120, ЦЈЗ Битола-20. Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани се 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•       Чаир – 435
•       Аеродром – 160
•       Бутел – 155
•       Гази Баба – 171
•       Центар – 139
•       Карпош – 157
•       Сарај – 153
•       Кисела Вода – 118
•       Ѓорче Петров – 115
•       Студеничани – 101
•       Шуто Оризари – 81
•       Арачиново – 53
•       Илинден – 33
•       Петровец – 19
•       Чучер Сандево – 17
•       Сопиште – 12
•       Зелениково-2
•       Странец – 2
•       Нераспределен- 84. рп/сп/