На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1699 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 67 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 1013 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени четири пациенти, а двајца биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина биле примени двајца пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 44 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 „Септември“ има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 152 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има девет деца позитивни на Ковид-19, а на ГАК има девет позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 38 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и изутрината до 8 часот имало 74 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 90 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 101 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Прилеп 132 во ковид – центарот во Гостивар 37, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 26, во Кичево 40, Кавадарци 67, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.