Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за уво нос и грло, на Очната клиника, на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за нефрологија. Четворица болни се примени на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало четири нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника еден во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени седум оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациент, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 19 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.
Вкупно 360 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.