Во Русија во текот на минатата година спречени се 20 терористички напади, изјави денеска заменик шефот на Националниот антитерористички комитет (НАК), Игор Куљагин.

– Вкупно 36 терористички кривични дела, вклучувајќи и 20 терористички напади, се спречени во фаза на подготовка во текот на 2018 година, благодарејќи и на агенциите за спроведување на законот, рече Куљагин.

Според него, бројот на злосторства е намален трипати во однос на 2017 година.