Да го сретнете претседателот зад сцената на концерт на „Ју-ту“ во Париз, напиша Лени Кравиц на фотографијата со Емануел Макрон, која ја објави во неговиот налог на Твитер.

Францускиот шеф на државата и неговата сопруга присуствуваа на концертот на ирската четворка во „Accor Hotels Arena“ во четвртокот по посетата на Боно на Елисејската палата.

Во тоа време, пејачот и францускиот политички водач разговарале за развојната помош и партнерството меѓу Европа и Африка.

Боно по вторпат е гостин на семејството Макрон по нивниот состанок на 24 јули 2017 година.

„Ју-ту“ ја продолжуваат турнејата откако на концерто во Берлин пред две недели Боно го изгуби гласот.

Лекарот кој го прегледал утврдил дека гласните жици ќе му заздрават.

„Ме прегледа одличен лекар и со негова помош, мојот глас ќе оздрави и ќе можам да „пеам” на целата турнеја”, се вели во соопштението издадено во неделата на веб-сајтот на ирската музичка група.

„Јас сум пресреќен, и ми олесна затоа што лекарот ја отфрли можноста за големи компликации на гласните жици. На концертот во Берлин атмосферата беше исклучителна. Се чинеше дека ова ќе биде една од оние незаборавни ноќи … но на крај не излезе така. Ние со нетрпение очекуваме таму повторно да запееме на 13 ноември “, напиша Боно.

„Ју ту“, по само неколку песни мораше да го прекине концертот во Берлин, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе, бидејќи Боно остана без глас.

Медиумите шпекулираа дека губењето на гласот можеби е предизвикано од уредот за димни ефекти.