Се сеќавате на антологискиот „Маратонците го трчаат почесниот круг“, ексју ремек дело со Богдан Диклиќ, Павле Виусиќ, Сека Сабљиќ, Мија Алексиќ, Бора Тодоровиќ и останатите ликови кои жустро се караат околу наследството што го оставил штотуку починатиот Пантелие Топаловиќ. Бива што бива во оваа трагикомедија или сатирична црна комедија, богато проткаена со елементи на гротеска. Преку апсурдни и бизарни ситуации сите тие завршуваат лошо, многу лошо…

Туку, ве асоцираат ли на едни современи, самобендисани амандмански „маратонци“, кои исто така го трчаат почесниот партиски круг и се караат околу она малку што им останало од наследството на родоначалникот Црвенковски? Абе, копија. Само што режијата не е на Слободан Шијан. Овие наши ајвани ги режира, ребри, рчка, с’ска, ремети и зеза една дилајла црпната од муртинските ниви.  А пустите не сфаќаат дека тонат заедно со него, во 6-та. Затоа и сценариото е многу победно, полуцидно и поевтино…

13.000 амандмани за Изборниот законик. Ова се последните чекори на „маратонците“ од СДС кои го трчаат почесниот, последен круг. Круг, по кој Венко и бандата од врхушката наскоро ќе „трчаат“ кругови надвор од „кругот“ на седиштето на Бихаќка. Велат, дека и онака, круговите кои ќе ги правеле во иднина ќе биле многу кратки, временски ограничени и во строго контролирани услови со лош видик поради високите ѕидини со кои зданијата во кои ќе престојувале биле наресани…

И среде амандманскиот „маратон“, навасаа лоши вести за МАРАТОНЦИТЕ на Венко, кои на чело со него, го трчаат последниот круг, не почесен, затоa што во оваа СДС лудорија нема абер од чесност.

Два дена, две траскотни, громогласни шлаканици за Филипче и екипата, толку звучни што оддекнаа дури до Брисел. Првата и стигна од таму. Втората исто. Нова линија Брисел-Скопје-Брисел. Таксират комуњарски. Од адресата во која оксиморонските северни атеисти толку се „крстеа“ до вчера. Она, кога си го бараш со боринче, лажеш како навиен и недоквакан, а казната за измамите и манипулациите ти се удира од глава преку довчерашните мецени и заштитници. Навистина, веројатно не можете ни да си замислите колку боли кога довчерашните ктитори на СДС направијата лично и персонално ве шамараат и користат како боксерска вреќа. Ќе беа за греота, да не беа она што се. СДС опортунисти…

Прв ден, абер од Брисел пристигна преку Euronews. Така де. Од најпочитуваниот им аберџија. И што рекна тој?

Епа, дека Македонија е првенец, меѓу најдобрите или со нивниот речник „фронтранер“ да ти била. Мора да пишеме вака, оти Венко и бандата не разбираат македонски, па мора да се расфрламе со интернационализми, англизми и какви ли не новокомпонирани имбецилштини. Инаку, ќе не тужат за новинарски притисок, журналистички булинг, репортерс прешр ли, извинете за првата нејаснотија…

И, сега, шу прајме, а Заевци? Оти Венковци се само подизведувачи и подгрупа, подвид, сорта на заминување. И по него ќе бидат пак и пак, саде Заевци. Велат, Герасимовски ќе го сменел. Јас прв се зезав со тоа, некој презема идејата и пак почнаа војна. Нема врска. Горан ќе биде, ако биде, а ќе биде пошто Венко е веќе одамна чао (само Филипче не знае за тоа), та ќе си биде Заев Четврти. По Таче и Вени, Гоки. И по Зоки, Гоки. Најблиску до сега. Се надевам дека е троа поумен и дека нема да се фати на северното оро, оти така ќе мора со цел ум да се вози по сељачки јахти, да продава елитистички пуфки и да кисне во Дубаи на Џиновиќ журки. Искрено, ми изгледа поумен од тоа „дно дна“ во кое како риби во вода уживкаа и уживкаат Диме и Венко…

Туку, што бидна со евтината прикаска дека сме биле „тапа во евроинтеграциите“,  а ајвани недоквакани? Титаник потонал полека во однос на она што вам ќе ви се случи на следните избори, кога и да се.

Како и да е, ајде мина шлаканицата од Брисел преку Euronews, a Венко, Јон, татко му и Жерновски „шо е тоа НАТО“ се’ уште неосвестени, ги зашлака Рокас. Гревчиња, пак „порака во шише“ од Брисел, не знаеја каде им е главата, а спасот од правдата преку продавање на задникот и враќање на власт, изгледаше се’ подалеку, понеостварливо, абе уџум. Жал да ви падне за инфантилните суртуци најдобро опишани во старата македонска народна подговорка АКО КУЧЕТО ПО ДОМА ТЕ ЛАЕ, ТОГАШ, НЕКОЈ ДРУГ ГО ХРАНИ.

И сега, кога „хранителот“ ги батали пошто се тоталка неупотебливи и се повеќе од жив зијан, што правиме со национално и идентитетски неухранетите ќелепури (ЌЕЛЕПУР, турцизам кој означува човек незаслужено поставен на одредена позиција, фукција), што со овие оикофобни арамии, толку преполни со самопрезир кон македонштината, автошовинистички шушајки?

Зарем, искрено, мислеа (а, мислеа) дека цел живот ќе „се возат“ на „северна“ и дека затоа странците, алијас меЏународна (фрчковизам), ќе им проштеваат за век и вековма за сите зулуми од минатото, сега и иднина, ќе бидат ѓоа Заев амнестирани за сите ујдурми и апашлуци, дека ќе ги тинтраат и бабуваат до смрт? Мислеа дека по нив потоп, дека се незаменливи и дека сите зулуми кон макеоднскиот народ и кон Македонија ќе минат така „мазно“ и ќе си свиркаат „до утре сабајле“ заради „храбороста“ (читај глупост, невидена) да сменат исконско име, знаме, да сменат територијална, да донесат двојазичност ли?

Епа, „нови“ дечки, кај кои нови се само аутата, швалерките и нервозата што сметката за стореното доаѓа, додека си ги мерите, се тепате и макљате со довчерашните свои СДС соборци кои кај и да е „ќе ви земат скалпот“, затоа што сте мутави и матни ко Вардар по дожд, не им замерајте на Македонците што со многу ќеф и уште повеќе пуканки ќе го следат финалето на најненародната направија во историјата на Македонија, завршен чин со многу патетика, цепки, индолентност, инфантилност на тони и бааги трагикомедија во сижето, последната СДС епизода насловена „Вака ли крајот мириса?“

А, не да мириса, труе, смрди, „копа“ на километри, печат и очи од финишот на направијата заради која со децении нешто толку многу базди во државата македонска.

Никој не се сомнева, ни трунка,  дека новите деца ќе бидат подобри од вас, Заевци излезени од подрумот на дното. Башка, по ваквите шлаканици од Брисел и баталување од таму, знаете што е следно.

И не заборавајте, плиз (за да разберат де), да инвестирате во иднината и секогаш при рака да имате течно сапунче што се врзува околу вратот. Да не падне долу случајно. За секој случај…