Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конференцијата организирана од институтот „Ифимес“ во Љубљана истакна дека на економски план Македонија во последната година забележува доста негативни резултати.
-Не е остварен очекуваниот економски раст, нема план за инвестиции во нови капитални инфраструктурни проекти, ниту пак нови странски инвестиции, нема отворања на нови работни места, платите не се зголемуваат, незадоволни се сите категории на граѓани. Истовремено, за 3 месеци Владата ги задолжи граѓаните на Македонија за нови 300 милиони евра, јавниот долг за прв пат ја урна психолошката граница од 5 милјарди евра, а државниот долг е веќе над 4 милијарди евра, рече Мицкоски.
Потсети дека за време на најголемата финансиска и еконмска криза, ВМРО-ДПМНЕ успешно привлече над 2 и пол милијарди странски инвестции, отвори над 170.000 нови работни места и ја намали невработеност од рекодно високите 38 отсто во 2006. на 22 проценти во 2017. година.
-Искрено се плашам доколку Владата на СДСМ продолжи со тој негативен тренд многу лесно можеме да ги изгубиме тешко стекнатите конкурентни предности, кои уште ги имаме во однос на другите држави во регионот. Таквите негативни економско финансиски перформанси не само што не ни одат во прилог, туку истовремено можат сериозно да не оддалечат од очите на потенцијалните странските инвеститори, од континуираните реформски процеси и од остварувањето на посакуваните евро-атлантски цели, појаснува Мицкоски.
Вели дека уверен оти можноста за отворен дискурс им помога на креаторите на политики да избегнат парализа во врска со макро-политиките на национално и глобално ниво.
– Земајќи го сето ова во контекст, моја уверување е дека настаните како денешниот се навистина продуктивни во оваа смисла, и најчесто водат кон создавње на нови идеи и концепти кои помагаат да се изградат заеднички стратегии. Споделувањето на идеи и глдеишта кои ја наоѓаат својата основа во заеднички споделени универзирани вредности е клучно во развивањето на стратегии насочени кон подобрување и напредување на нашата улога како носители на глобален мир, потенцира Мицкоски.
Според него, искуствата на сите рунди на проширување докажале дека перспективата на членство во НАТО и ЕУ остануваа клучна алатка кон обезбедување на долгорочна стабилост на глобалната сцена.
-Перспективата за Евро-Атланската ингерација на земјите од ЈИЕ е главна движечка сила која стои позади нивните политички, одбрабени, безбедноси и економски реформски агенди. Секоја од овие земји има развиено своја специфична динамика во процесот на реформа и исполнување на условите за членство на НАТО и ЕУ, и тие навистина мора да бидат евалуирани врз основа на својот специфичен мерит, рече Мицкоски.
Посочи дека порано се аргументираше оти Балканот страда од премногу историја и премалку географија, и како резултат на тоа, вели Мицкоски, единствен неизбежен одговор на потенцијалните закани на безбедноста во овој регион, и Европа, лежи во соработкат и интеграцијата.
– Во тој контекст, мора да ја наметнам тезата дека што побрзо НАТО и ЕУ ја завршат сеуште незавршната работа во нашиот регион, толку побезебедна ќе биде Европа. Во таа смисла, ЕУ и НАТО интеграцијата мора да бидат нагласени како клучна движечка сила која стои позади инклузивните сеопфатени општествени реформи, рече Мицкоски на конференцијата во Словенија.
Според него, улогата на политичките лидер е да размислуваат и постапуваат во големи размери.
– Во таа смисла, јас ја гледам иднината на нашиот меѓусебно поврзан регион базирана на силни економски и трговски односи кои мора да бидат оснивани на силни внатрешни реформи на нашите правни, политички и економски системи. Наша улога е да ги подготвиме нашиот земји за динамичните и се повеќе променливите времиња на 21иот век. Времето за постапување е сега, вели тој.