И кога мислев дека се’ сум видела и дека не може уште некое ниво на дно да пробијат, челниците на СДСМ ме демантираа во тоа.

Трубеа за соживот, а кога имаа шанса да ја покажат својата космполитост паднаа на прва. За нив дефиниција за соживот е само кога се има интерес за одржување на власт.
Во само еден месец пулените на власта ја ставија Македонија на мапата на антисемитизмот. Навреди, омаловажувања, китење со жолти Давидови ѕвезди беа само дел од епитетите со кои беше почастена Мизрахи. Ако до сега не биле нотирани антисемитски испади кај нас, сега веќе се нотирани. Претставниците на Владата кои се членови на Управниот Одбор во Фондот на холокаустот не само што треба да се засрамат туку треба да си дадат и оставка од функцијата која ја обавуват затоа што не само што не се борат против антисемитските испади туку истите ги одмолчуваат не сакајќи да се замерат со власта која ја претставуваат.
Но, изгледа антисемитските испади и навреди не им беа доволни па отидоа чекор понатаму со тоа што “најдемократскава” власт оценета како хибриден режим ја разреши Мизрахи на Собраниска седница во 3 часот наутро, нешто што и “диктаторот” Груевски не го направил во 11 годишното режимско владеење.
Просто неверојатно како власта која е синоним за кршење Устав уште од кога е устоличена на Илинденска бр. 2 сега одеднаш стана така ревносен чувар на Уставот кој патем го сменија во неуставна процедура, со влечење на пратеници за уши, со притисоци и закани и со апсолутно непочитување на волјата на граѓаните. Начин кој и сега го практикуваат за изгласување на Законот за Јавно обвинителство.
Тие кои урнисаа цел еден правен поредок, што збришаа и име и идентитет, што криминалот им е единствен познат начин на делување и функционирање се дрзнаа да сменат технички министер затоа што држел прес пред табла на која замислете пишувало Република Македонија. Грција да им позавиди на експидитивноста.
Меѓутоа, тоа дека се одродени го знаеме, она што не знаеме е од што се плашат што ја разрешија Мизрахи по кратка постапка, а барањето за разрешување што техничкиот премиер го достави до Собрание беше без образложение со една простопроширена реченица во која четири пати беше спомната Република Северна Македонија?! Дали Мизрахи беше на трага на некој корупциски скандал во кој била вмешана миленичката на власта Мила Царовска, па не сакаат да им биде урнисана како можен носител на листа во Изборна Единица 1?
Тоа останува да видиме, исто како што видовме дека СДСМ се дефинитивно фашистичка партија која се бори против се’ македонско.
Она што забораваат е дека 12 април е близу и можат да калкулираат и да одлагаат избори како што правеа и во 2016 година. Можат да бегаат од избори колку што сакаат, но од поразот сигурно нема да избегаат!

Мартина Басарова Ѓеровска