Бројот на починати од епидемијата на новиот коронавирус во Италија се зголеми за петмина во последните 24 часа, што значи дека досега починале вкупно 34 лица од последиците на вирусот, соопшти денеска италијанската Агенција за цивилна заштита.

Според директорот на агенцијата, 1.694 лица биле заразени со коронавирус во Италија, а 83 се излекувале.