Македонското лекарско друштво со загрижувачки податоци за тоа колку лекари ја напуштиле земјава поради подобри услови во странство. Според податоците, од јавното здравство на годишно ниво од земјава заминуваат од 200-250 лекари, изјави докторот Горан Димитров од Македонското лекарско друштво на 5 април на настан организиран по повод Светскиот ден на здравјето (7 април).

Тој вели дека за да се задржат лекарите во земјава потребни се неколку мерки од здравствените власти.

„Од професионална гледна точка мислам дека треба да се направи добра регионализација, да се обезбедат подобри услови за специјализација, напредување, за брзо вработување на некој начин со стипендии уште додека учат студентите по медицина и секако да се почитуваат некои вид на желби за напредувањето и визијата што ја имаат младите луѓе“, вели Димитров.