Професорот д-р Нико Беќаровски, кој е член на Комисијата за заразни болести, вели дека вирусот мајмунски сипаници е смо уште еден мајмунски обид за повторно да се заплашува народот.

Тој, во својата објава на Фејсбук, препорачува луѓето да бидат спокојни и да си ги планираат летните одмори.

– Mајмунски обид за повторен страв кај населението. Сите 92 случаи се регистрирани кај мажи меѓу 20 и 40 години. Скоро сите не се вакцинирани за морбили и сите не се вакцинирани против вариола вера.
Сите пациенти се хомосексуалци и бисексуалци. Во Македонија како и во целата бивша Југославија сите родени пред 1972 година се вакцинирани против вариола вера, а голем дел од помладите против морбили, објави Беќаровски на Фејсбук.

На крајот тој заклучува: Слободно планирајте си ги летните одмори, заслуживме, по две непреспиени години.