Коалицискиот партнер во грчката Влада, претседателот на Независни Грци и министер за одбрана на Грција Панос Каменос по денешната средба со Алексис Ципрас рече дека ја напушта Владата.

По повлекувањето на Каменос од коалициската влада, грчкиот премиер Алексис Циприс набргу ќе побара доверба од Парламентот. Ова го соопшти Ципрас по завршувањето на средбата со лидерор на Независни Грци, јави МИА од Атина.

Во изјава по средбата, Ципрас рече дека Каменос поднел оставка од позицијата министер за одбрана, а тој ја прифатил. И додаде дека ќе ја прифати и секоја друга оставка од редовите на Независни Грци.

Нов министер за одбрана ќе биде началникот на Генералштабот, Евангелос Апостолакис.

Деталите ќе ги соопшти на прес-конференција закажана за 12 часот по локално време.