Фановите на Рома изразија незадоволство од фактот што клубот не му понуди нов договор за легендарниот капитен Даниеле де Роси.
Веста за заминувањето на Де Роси беше објавена на официјалната страница на „волците“ вчера. Подоцна беше откриено дека самиот капитен имал желба да го обнови договорот, но клубот не му понудил нов.
Фановите на римскиот гигант очекувано не ги прифатија добро овие откритија. Во цел Рим, се појавија постери кои го критикуваат раководството, бидејќи мислат само за бизнисот.
Протестот продолжил во тренинг-базата на „волците“ Тригорија. Тоа го принуди тренерот Клаудио Раниери, самиот Де Роси и спортскиот директор Масара, да се состанат со нив за да ја смират ситуацијата.
На овој состанок, легендарниот играч од средниот ред признал дека одлуката дошла од претседателот Џим Палота. Сепак, тој рече дека не сака да создава никакви проблеми за клубот и ќе продолжи да го поддржува тимот