Двајцата пилоти на вчера урнатиот руски ловец „Су25“ се загинати, јавија денеска руските медиуми повикувајќи се на воени извори.

Согласно информацијата, што претходно беше лиферувана, двајцата пилоти на авионот се катапултирале. Нивната судбина, меѓутоа, не останала долго непозната.

„На 3 септември за време на планиран тренажен лет во Ставрополската територија се урнал авионот „Су-25УБ“. Во моментов спасувачи од службата за потраги и спасување ги бараат телата на двајцата пилоти. Летот бил изведен без муниција. Авионот се урнал во ненаселена зона, а нема ниту разурнувања на земјата“, информираше синоќа Министерството за одбрана.