Севернокорејскиот лидер Ким Jонг-ун, за време на инспекцијата на голема воена база на западот на земјата, нареди воведување на највисоко ниво на борбена готовност на севернокорејските трупи и побара од армијата да биде подготвена за војна, објави државната новинска агенција. објави КЦНА.

Обиколката на Ким во воената база, чија локација не е откриена, дојде веднаш по почетокот на редовните годишни заеднички воени вежби меѓу американските и јужнокорејските сили.

Во овогодинешните заеднички американско-јужнокорејски воени маневри, кои започнаа во понеделникот во јужна Јужна Кореја, вклучени се двојно повеќе сили во споредба со минатогодишните вежби.

Ким рече дека севернокорејската војска мора „динамично да спроведе нови, засилени воени подготовки во согласност со барањата на сегашната ситуација“, пренесе КЦНА.

– Нашата војска треба постојано да ги интензивира вежбите за симулирање војна и брзо да ги надградува своите борбени способности до совршена подготвеност за вистинска војна, истакна Ким.

фото: архива