Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен отпушти тројца работници кои доаѓале на работа невакцинирани против коронавирусот, со што ја прекршија политиката на компанијата.

„Да бидам појасен, имаме политика за нулта толеранција по ова прашање“, напиша уредникот на Си-Ен-Ен, Џеф Цукер на Твитер, додавајќи дека е испратено писмо до вработените во кое се наведува дека вакцините се задолжителни за секој што оди во канцеларија и на терен.

Повеќе од една третина од работниците на Си-Ен-Ен доброволно се вратија во редакцијата, а колективното враќање беше одложено од 7 септември до средината на октомври.

Во некои редакции ќе биде задолжително носење маска кога луѓето не јадат или не пијат.

Слични одлуки донесоа и други американски медиуми.