Овој лек е исклучително ефикасен во борбата против детската кашлица и враќање на имунитетот.

Овој рецепт е наменет за деца кои со денови кашлаат и им се слуша мало „шкрипење“ од белите дробови. Поточно, една чаша од овој сок ќе помогне да се ослободи шлајмот и да се врати имунитетот.

Потребно е: 1 чаша олуштен овес (која се наоѓа во продавниците за здрава храна), 1 чаша шеќер, 1 чаша вода.

Подготовка: Измијте го овесот, па ставете го во една тенџере со чаша вода и чаша шеќер (чаша од 200 милилитри). Оставете ја смесата да зоврие неколку минути. Најдобро е да се готви навечер и оставете ја смесата да отстои до утрото.

Утрото процедете го овесот.

Примена: Секое утро, на празен желудник, дајте му на вашето дете една чаша за ракија од овој сок и така цели 40 дена. Потоа, направете пауза 15 дена, па повторно дајте му сок секое утро следните 40 дена.

Детето ќе го исфрли шлајмот од организмот и ќе го врати изгубениот имунитет.

Од оваа мешавина (1 чаша овес + 1 вода + 1 шеќер) ќе имате доволно сок за 4 до 5 дена.

Важно е да не прескокнувате денови, вашето дете да го пие овој сок секое утро и да се придржувате до 40-дневниот период на примена, потоа 15-дневен период за пауза и пак 40 дена повторно да го пие сокот.

Откако ќе го поминете ова со вашето дете, повеќе нема да имате потреба од рецептот затоа што детето нема да биде толку склоно кон настинки и вируси.