Најмалку 12 патници загинаа, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа во Турција откако автобусот падна во провалија.

Сообраќајната несреќа се случила синоќа кога автобусот на пат од Сивас кон Истанбул од засега непознати причини преминал на спротивната лента и излетал од патот.