Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека се согласува Иран да учествува на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Северна Америка во јуни и јули.
Коментарите следуваат откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека Иран ќе биде дел од турнирот и ќе игра натпревари во САД.
– Ако Џани го кажал тоа, тогаш сум согласен – рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. – Знаете што? Нека играат – додаде тој.
Иран треба да игра против Нов Зеланд на 15 јуни и против Белгија на 21 јуни во Лос Анџелес, како и против Египет на 26 јуни во Сиетл.




