Припадници на тајната американска слжба го евакуирале претседателот Доналд Трамп од конференцијата за медиуми во Белата куќа откако биле информирани за пукање пред Белата куќа. На новинарите им било кажано да ја напуштат просторијата.

Сепак, Трамп наскоро се вратил и го продолжил обраќањето при што рекол дека пукањето било надвор од Белата куќа и дека ситуацијата е под контрола, јавува српската ТВ Н1.