По заедничките изјави на Трамп и Путин по нивната средба во Стокхолм, тие оставија да бидат поставени неколку прашања. Првото  се однесуваше на Севрен поток 2 и еве ги одговорите на двајцата:

НОВИНАР НА ИНТЕРФАКС

ПРАШАЊЕ: На неодаменшната турнеја низ Европа рековте дека поради Северен поток 2, Европа станува заложник на Русија, и сугериравте дека можете да ја ослободите Европа од ова со снабдување со американска енергија, но студената зима покажа дека овој модел на снабдување на Европа е во ред. Истовремено, САД купуваат руски гас за Бостон. Дали имплементацијата на вашата идеја има политичка или практична линија? И, уште едно прашање, пред средбата го нарековте Путин ривал, а сега велите дека сакате да ги подигнете односите на повисоко ниво?

ТРАМП: Јас всушност го нареков натпреварувач и тоа добар и мислам дека зборот е комплимент.  И ние ќе се натпреваруваме околу гасоводот. Јас не мислам дека тоа е во најдобар интерес на Германија, но тоа е одлука што тие ја донесоа. Како што знаете САД се или ќе бидат најголеми во светот на гасот и нафтата, мислам дека веќе сме најголеми,  и ние ќе се натпреваруваме и мислам дека ќе се натпреваруваме успешно, иако тие имаат предност поради местоположбата. Како што знаете, јас им посакав среќа, разговаравме со Ангела Меркел со прилично силни тонови. Тие имаат близок извор и ќе видиме како сето тоа ќе функционира.

Но, ние имаме повеќе извори сега, САД се различни отколку што беа пред неколку години во однос на тоа што можеме да екстрахираме и ние сме број еден во светот во тоа.

И ќе се натпреваруваме прилично силно.

Ви благодарам многу.

ПУТИН: Ако може да се вклучам. Разговараме со претседателот за  ова и мислам дека ние како најголема нафтена сила, но и САД како голема гас и нафтена сила, можеме да работи заедно на регулирање на пазарот. Никој од нас не е заинтересиран за нагло паѓање на цените, зошто потрошувачите и потрошувачите во САД ќе страдаат поради тоа, како и нафтените компании бидејќи после одредено намалуавње на цените бизнисот не е веќе профитабилен за производство на гас. Не сме заинтересирани и за кревање на цените нагоре, бидејќи влијае негативно на сите други сектори на економијата. Затоа има простор за соработка во оваа област, но знаете што е првото нешто околу Северен поток?  Господинот претседател ги искажа своите грижи за можноста од исчезнување на транзитната линија низ Украина и јас го уверив дека Русија е подготвена да ја отави таа транзитна линија. Исто така, подготвени сме обновиме договорот за транзит низ Украина кој ќе истече следната година. А, арбитражата во Стохколм ќе реши за конфликот (со Украина).