Денеска продолжија блокадите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и 11 градови низ Македонија заради тајните преговори на Владата на Заев со Бугарија и проджабата на македонските национални интереси.
Стефан Андоновски, од блокадите пред поранешна НИП Нова Македонија истакна:
Денес сме овде пред поранешната Нова Македонија, но и на уште две локации во Скопје, и во уште девет градови низ Македонија, затоа што утре може да биде предоцна, утре можеме да се разбудиме како бугаризирана нација, држава која што ги прифатила сите барања на соседите, држава која нема сопствена историја, историјата ќе ја брои од Зоран Заев наваму, држава која што ќе го брои својот јазик како дрво без корен од 45-тата наваму, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-И заради тоа иако можеби власта ја иритираат овие протести, овие блокади во градовите, но уште повеќе иритира ако Македонија ја прифати бугарската декларација безпоговорно, без рбет, и не одговори со одбрана на своите сопствени национални интереси. И ако дозволиме Заев под маса да ги дискутира, да преговара за нашата историја, нашиот јазик и нашиот идентитет, најверојатно ќе се разбудиме како граѓани кои што не си ја заслужуваат Македонија и кои што во најтешките времиња им било тешко да се спротивстават на распродавањето, раскрчмувањето на македонскиот јазик и идентитет. Во оваа насока ќе продолжиме со пркосење, ќе продолжиме со одбрана на македонските национални интереси, на секој начин на кој е возможен дали во Собранието, дали надвор на улиците, ние не се плашиме од притисоците на власта, од притисоците на полицијата кои што ги прават секојдневно и во Скопје и во другите градови, и продолжуваме беспоговорно, беспоштедно да се бориме со ова што ни се случува во моментов во Македонија, истакна Андоновски.
Скопје
Струмица
Велес
Охрид
Кичево
Кавадарци