Агенцијата за бегалци при ОН денеска соопшти дека повеќе од 3,5 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина поради руската инвазија.

Како што се наведува во соопштението на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) од 24 февруари досега од Украина избегале 3.528.346 лица.

Повеќе од два милиони од нив засолниште побарале во соседна Полска, стои во соопштението.