Сто и четириесет лица се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во реката Вардар, што ќе се одржи утре во центарот на Скопје, по повод Богојавление – Водици, информираа од Скопската епархија.

Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

Претходно, архиепископот г.г. Стефан во 9 часот ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.