Шокантен дел од тричасовното интервјуто на Џое Роган со Такер Карлсон во која новинарот зборува за паралелен свет кој постои околу нас и за кој Владата на САД знае и со кого комуницира:
ТАКЕР КАРЛСОН: Ако разговараме за подлабоко ниво, ако тие се духовни суштества, а верувам дека се, тие се бинарни, и се како добар тим и лош тим, односно ги има добри и лоши духовни суштества, а можете да ги наречете како сакате.
Некои од нив се навистина лоши и Владата на САД знае за нив, односно барем делови од Владата, не мислам на сите во администрацијата, но дел од нив и тие им служат на лошите сили.
ЏОЕ РОГАН: Добро, кога велиш „духовно“, што е тоа што те тера да го изведеш тој заклучок?
КАРЛСОН: „Духовни“ е можеби лош збор, поточен би бил суперприродни сили, надприродни сили во однос на природата таква каква што ја разбираме и знаеме. Очигледно тие се тоа, нивното физичко однесување оди надвор од тоа што ние го разбираме за физиката. Нема видливи знаци за средства за погон, се знае дека доаѓаат со неопислива брзина удирајќи во океанот, продолжувајќи со брзини што се невозможни под морето… Мислам, со други зборови, ако јас земам пиштол и пукам со него кон тебе под вода, посебно ако е солена, затоа што е погусто, можеш да го фатиш куршум со рака. А овие суштества одат под вода со брзина од 500 јазли, мерено со сонар, што го предизвикува, надминува нашето разбирање на физиката. Како е тоа можно? Има и видео од овие работи за тоа како влегуваат од небото во водата и исто така се појавуваат од водата.
РОГАН: Дали е видеото во ред?
КАРЛСОН: Да, да, мислам дека е кристално јасно дека овие суштества постојат, но ние едноставно немаме пристап до него. Има многу работи што се случуваат под водата. А ова е само она што е опсервирано и измерено, па ве тера да се запрашате „што е ова“?. И има екстензивни знаења за ова со декади, можеби 80 години.
Има две можни објаснувања: првото е она што често го слушам е дека ако јавноста знае за ова, ова е толку тешко што би била длабоко вознемирена, луѓето би биле исплашени, а не сакаш да ги исплашиш луѓето ако за тоа нема добра причина, кога веќе не можеш ништо да сториш околу тоа.
Второто е дека во тој случај јавноста би сфатила дека американската војска не е способна да ја заштити земјата. Ако не можете да ги контролирате овие предмети во вашиот воздушниот простор, а се знае дека не можат, тоа е познато, тогаш тоа е само ограничување на моќта на американската војска. А тоа не сакаш да им го кажуваш на луѓето затоа што тогаш нема да веруваат дека се безбедни.
Но, ова има и подлабоко ниво, а тоа е каква е вашата врска со овие работи? Која е врската на Владата на САД со овие суштества? Има докази дека таа врска постои и дека е долгогодишна и тоа покренува многу прашања за намерите и за тоа што се случува? И луѓето би биле повредени од овие факти кои се несоборливо докажани.
Има и луѓе што се убиени. Не велам дека станува збор за милиони, но има луѓе кои се убиени и … Не знам, кога имате објект кој е натприроден, кој е над законите на природата како што ги разбираме, а тоа резултирало со смрт на некои луѓе… не трошиме доволно време на размислување за ова, што очигледно не е добро.
РОГАН: Што мислите, колку луѓе умреле од овие работи?
КАРЛСОН: Не знам. Личноста со која разговарав, ја интервјуирав, тоа е професор на Медицинскиот факултет во Стенфорд, зборувам за Гери Нолан, тоа е точно за кого зборувам, кој е експерт за повреди на мозокот, значи целосно кредибилна личност, тој долета кај мене на свој трошок затоа што сакаше да ја раскаже приказната, тој нема никаков профит од тоа тука, тој е највисоко акредитирано лице на Универзитетот, практично на Медицинскиот факултет Стенфорд, тој работел на ова преку 10 години, ги проценувал повредите на војниците на САД кои биле во близок контакт со овие објекти и неговиот заклучок е дека доаѓа некаква енергија што излегува и што влијае на мозоците на луѓето и ги убива. Не е радијација, барем тоа тој го тврди и ми ги кажа мене, но како и да е поентата е дека луѓето умреле. И, знаеш, тоа покренува многу прашања. Што по ѓаволите се случува? Американски граѓани умреле и вие го криете тоа? Зошто го криете тоа?
РОГАН: Можеби затоа што немаат објаснување? Затоа што е надвор од нашето поимање на работите? Се прашувам колкав степен на интеракција имаат со овие суштества? Ако јас би бил од друга планета или од некоја друга димензија на оваа планета, не сум сигурен дека би ми било многу гајле за претседателот, за Владата… би си рекол – погледнете ја оваа инфантилна раса, овие мајмуни со термонуклеарно оружје. Би ми изгледале многу хаотично и не би бил многу загрижен кој им е лидер, кој ги води. Посебно ако се суштества кои можат да патуваат со неверојатна за нас брзина и да бидат неоткриени…?
КАРЛСОН: Ова изгледа како научна фантастика, некои напредни суштества од некаде на друго место, но работата е што овие суштества се духовни. Постои цел свет покрај нас што не можеме да го видиме и кој делува на луѓето, натприроден свет, кој дејствува врз нас цело време, за добро и за лошо. Секое општество пред нас размислувало за ова се до, ќе бидам конкретен, август 1945 година, кога ние ги фрливме атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки и одеднаш Западот официјално стана секуларен. Помисливме дека ние сме Бог, дека не постои друг Бог освен нас и тоа е светот во кој сме пораснале. Но, тоа е аномалија каква што никој друг досега немал. Никогаш немало општество кое размислувала така, како нас, секое општеството од времето на пештерите до сега, претпоставувало дека ние сме водени од спиритуални сили. За некој кој е роден или живеел пред 1945 година, мислам дека ќе беше многу повеќе очигледно дека тоа е она за што секое општество пишувало.
Во суштина, таа спиритуална битка, таа невидена битка околу нас, таа духовна битка, е основа на секое општество, на секоја религија, не само на христијанството. И кога ќе видите како светот функционира, тоа изгледа како разумно и очигледно објаснување.