Претреси и апсења во Арачиново. Уапсени се двајца дилери и спречен е транспорт на дрога вредна 100 000 евра, велат од МВР.
Добивај вести на вибер

– На 24.03.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар, Оперативен тим Потраги при СВР Скопје и СВР Тетово се лишени од слобода две лица од с.Арачиново, скопско, при што е спречен транспорт на околу 35 кг дрога информираат од Министерството за внатрешни работи.

На наплатна станица Тетово, утрово, на автопатот Гостивар – Тетово, возилото во кое бидле К.А. и О.А. не запрело на полицискиот знак. Почнале да бегаат и го оштетиле полицискиот автомобил. Набргу биле уапсени.

Во багажниот простор на возилото пронајдени се четири вреќи со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 кг, со вредност од околу 100.000 евра. На лице место на наплатната станица Тетово излезе и Јавен обвинител од ОЈО Тетово. Малку подоцна, по добиена судска наредба, извршени се претреси и во домовите на двете лица во с. Арачиново, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Видеото може да го отворите ТУКА.