Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра, а овие пари власта ќе ги позајми пред изборите со што се спрема за нов поткуп, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој еден граѓанин со нови 22.000 денари. Со ова вкупниот долг ќе достигне 7 милијарди евра од кои скоро 3 милијарди евра се задолжени во последните 4 години. Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна се задолжува без усул. Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема ново 700 милиони евра, ако не само за поткуп пред избори? Зоран Заев треба да и објасни на македонската јавност каде ги потроши 2 милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година дена, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра. Зорам Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години. Одговорност ќе има, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.