Власта ја има СДСМ, сега треба да ги исполнат ветувањата кои ги имаат дадено на граѓаните и да престанат да се однесуваат како опозиција, порача денеска ВМРО-ДПМНЕ.

– Ветуваа краткорочни итни мерки, но и мерки на долгорочен план. Од сите овие мерки ние видовме само исклучување на мерни станици во најзагадените општини. Можеби веќе Петре Шилегов треба да престане да си игра игри, а Јани Макрадули да се разбуди за да се преземат мерки бидејќи граѓаните секојдневно се гушат во отровите кои ги вдишуваат. Две години нема ниедна мерка за подобрување на квалитетот на воздухот и граѓаните. Во зимскиот период секојдневно се полнат болниците низ државата како последица на проблеми со срцето и белите дробови предизвикани од екстремно загадениот воздух, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против оваа ненародна власт да ни се приклучат во протесните маршеви ширум државата и, како што се наведува во соопштението, заеднички да и кажеме „не“ на оваа власт, да го избркаме црнилото.