Зоран Заев и приредува национална катастрофа на Република Македонија, зашто капитулантскиот договор го менува името, институционалниот идентитет, културата, историјата и Уставот на Република Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев прифатил со капитулантскиот договор промена на Преамбулата на Уставот на Република Македонија, чл.3 и чл.49 од истиот. Заев бега од одговори и не кажува што ќе менува во Преамбулата. Заев бега од одговори и не кажува што ќе менува во чл.3 од Уставот, кој гласи: „Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави“, се вели во соопштението.

Најголемата опозициска партија прашува што според договорот кој го потпиша владата на СДСМ треба да се смени во чл.3 кој ја гарантира неотуѓивоста и неделивоста на територијата на Република Македонија?

– Заев треба да одговори и што ќе менува во чл. 49, кој ја обврзува државата да се грижи за нашето малцинство во странство. И дали тоа не е откажување од Македонците надвор од Македонија. Заев нема одговор на овие прашање, исто како што не може да го негира фактот дека со овој штетен договор се менува институционалниот идентитет, историјата и културата на народот. Токму затоа и бега од дебата и соочување со Христијан Мицкоски. Заев е кукавица и уплашен човек. Заев се плаши од сопствениот народ, се вели во реакцијата.

Токму затоа, се додава, Заев е човек кој треба час поскоро да си замине од политиката. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите истомисленици, кои се против капитулантскиот политики на Заев и СДСМ да дојдат на протестниот марш денеска во Штип.