СДСМ и (Зоран) Заев продолжуваат да ги манипулираат граѓаните, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.

– Ветуваа 100.000 денари за здравствени работници, поминаа три години се уште нема ништо од ветеното. За три години мандат Зоран Заев и Венко Филипче ништо не сторија за подобрување на здравствениот систем. Засметувањето на дежурства и други ставки на име плата, како истата би изгледала поголема е манипулација и поигрување со лекарите, нивниот труд и мака. Власта ги изигра и административните работници во здравството, останаа извисени. На 12-ти април граѓаните ќе ги казнат Зоран Заев и Филипче за урнисување на здравствениот систем. На 12 април следува обнова на Република Македонија, се вели во соопштението.