Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови дека УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.

И во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а поради големата енергија во атмосферата наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.