Враќањето на животот во нормала ќе се одвива постепено и внимателно, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
– За да помогнеме во следниот период сите ќе мора задолжително да ги почитуваме трите правила: често миење и дезинфицирање раце, одржување најмалку два метра растојание и носење заштитна опрема (маска, марама, шал). Ја добивме првата битка со коронавирусот, објави Филипче на Фејсбук.
Тој додава дека само ако сме сите совесни и одговорни ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола.