Град Скопје, кој за жал е „богат“ со заразени од коронавирусот, е збогатен со 5 мурали инспирирани од актуелната епидемија.
Ова денска го објави министерот за здравство, Венко Филипче.
– На 5 локации во Скопје група уметници преку Центарот за современи уметности, спроведе уметнички акции со цел да се оддаде јавна благодарност до сите коишто се во првите линии на одбрана на граѓаните, да се истакне значењето на почитувањето на препораките од надлежните, социјалната еднаквост и правда во време на пандемија. Граѓаните можат да ги видат муралите пред поликлиника Бит Пазар, на фасадата на Мобилната монтажна галерија во Парк на франкофонија, Железничка станица и рампата на кејот на Вардар, ојваи Филипче.
Во прилог и видеото со корона-муралите. А народот на ова би рекол: Скопје гори, Корона се чешла!