Пациент кој бил позитивен на коронавирус и хоспитализиран во ковид центарот „8-ми Септември“ се маскирал во доктор и така ја напуштил болницата. Ова синоќа се случувало во болницата која е ковид центар.
– Од страна на дежурниот лекар и на медицинскиот персонал му било повеќе пати напоменато и бил враќан назад во болничката соба, меѓутоа во текот на вечерта успеал да ја отвори вратата насилно и да излезе од болницата. Тој дел од болницата каде што се изолирани нема присуство на други пациенти, вели за ТВ Сител, директорот Христијан Костов.
На 6 октомври 2020 во 21.30 часот од ГОБ „8 Септември“ било пријавено дека од Ковид центарот избегал пациентот Б.И. од Куманово. По преземени мерки од страна на полициските службеници, лицето било пронајдено околу 2 часот и вратено назад во болницата, велат од МВР.
Инаку, секојдневно сме сведоци на објави за „успеси во нашето здравство“. Како што е познато на почетокот од пандемијата се снимаа и рекламни спотови за здравството и за министерот Венко Филипче, како јунак во борбата со коронавирусот. Исто така, секој ден во 17 часот од терасите имаше „аплаузи за Филипче“, кој доби втор министерски мандат, а Македонија подолг период урива рекорди според број на заразени.