Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, е во состојба на шок откако синоќа беше нападната и удрена од маж во центарот на Копенхаген, соопштија од полицијата и од нејзиниот кабинет.
Не е јасно дали Фредериксен била повредена за време на нападот, а данската новинска агенција Рикау објави дека напаѓачот бил уапсен по инцидентот.
Министерство за внатрешни работи на Данска на платформата Х објави дека го истражува инцидентот.
Од таму за данската телевизиска мрежа ДР изјавија дека премиерката Фредериксен е шокирана од инцидентот и дека немаат дополнителни коментари.
Данските политичари, без разлика на нивната политичка определба, испраќаат пораки со поддршка до премиерката откако таа беше нападната.
Данскиот министер за економија Мортен Бедсков оцени дека нападот врз премиерката е „целосно неразумен“ и „страшен“.