Дарко ЈАНЕВСКИ
„Кај 30-годишна жена се развил рак на мочниот меур, што е исклучително ретко, во 4 стадиум, по третата вакцинација. Спајк протеинот го угасил имуниот систем. Ова беше проследено со геномска дисрегулација, односно нејзините гени за следење на туморот беа буквално исклучени. Таа имаше илјадници гени кои беа во основа дисрегулирани, гените поврзани со поправка на ДНК беа исклучени, таа имала прекин на двојната нишка во ДНК“, вели епидемиологот од Тексас, д-р Николас Халшер изнесувајќи шокантни податоци интервјуто за МИА.
Tој соработник и на Мек Калоу фондацијата, предводена од д-р Питер Мек Калоу, интернист и кардиолог, едн од најцитираните кардиолози во овој момент во САД и неколкукратен сведок во Сенатот на САД за негативните ефекти од мНРА вакцините.
Во интервјуто, д-р Халшер зборува и за истражувањето во кое биле надгледувани и 300 000 Италијанци, мошне масовно надгледување кое траело 30 месеци и кое покажало дека тие кои примиле мНРА вакцини имале околу 30-50 отсто зголемен ризик од рак на дојка, колоректален карцином, леукемија, лимфом, но го дава досега и најпрактичниот совет како да го исчистите телото од токсичниот спајк протеин од КОВИД вирусот и од мНРА вакцините кој, според него е директна причина за турбо канцерите, за миокардитис посебно кај младите, за новиот наплив на автоимуни болести…
Д-р Халшер, дозволете ми за почеток да Ве цитирам. Рековте пред само неколку дена: „Го документиравме првиот директен доказ дека генетскиот код на mRNA вакцината се интегрира во човечкиот геном. Тоа е случај на млада жена, триесетгодишна, со рак на мочниот меур, и она што беше пронајдено е дека генетскиот материјал на векторот на Фајзер се интегрирал во хромозомот 19 во овој тумор.“ Може ли да ни го објасните ова, Ве молам?
Во основа, ова служи како таканаречен извештај за предупредување, бидејќи тоа е првиот документиран доказ за геномска интеграција на генетски материјал од mRNA вакцина. Сега мора да спроведеме масивни истражувања, мора да направиме повеќе секвенционирања кај луѓе со турбо канцери за навистина да откриеме колку луѓе се погодени од ова, но, ајде да зборуваме за конкретниот извештај. Оваа жена имала 31 година и развила турбо рак на мочниот меур во 4 стадиум набргу по три mRNA дози. Ова е нечуено, рак на мочниот меур во 4 стадиум кај млада жена. Ова е многу ретко. Значи, тоа нè наведе да сакаме да погледнеме и да направиме молекуларно профилирање и генетско секвенционирање. Погледнавме во нејзината циркулирачка туморска ДНК, погледнавме во нејзиното протеомско излачување, погледнавме во основа сè што можеше да се погледне. И во циркулирачката ДНК, во хромозомот 19, пронајдовме совпаѓање од 20 базни парови со плазмидната ДНК секвенца на Фајзер. Кажав многу големи зборови, но сакам да го објаснам лаички за да биде лесно разбирливо. Значи, Фајзер и Модерна користеле ДНК плазмиди кои во основа изгледаат како кругови, но тоа е ДНК, во производствените погони, за да создадат mRNA. Дел од овој плазмид содржи нешто што се нарекува spike open reading frame region („регионот на отворена рамка за читање на спајк протеинот“), што всушност помага да се произведе mRNA за кодирање на спајк протеинот. Значи, дел од тој spike open reading frame region совршено се совпадна со хромозомот 19 на пациентката со оваа туморска ДНК. Кога имаме совпаѓање од 20-20 базни парови на сопствена и надворешна ДНК, постои шанса од еден во билион тоа да била само аномалија или коинциденција. Значи речиси невозможно да било само случајност, и затоа, ова многу загрижува.
Една работа е фактот дека дополнителните истраги ќе следат, но друга работа е што Вие во овој момент мислите за ова и каков заклучок Ви се наметнува. Можеме ли да заклучиме дека вакцината е причината за овој рак на мочниот меур?
Да, особено во овој случај, можеме речиси сигурно да кажеме дека тоа е од mRNA вакцините, а тоа го велам бидејќи тоа го потврдуваат стотици други извештаи за случаи кои, исто така, документираат агресивни ретки канцери набргу по вакцинација. Исто така, во овој конкретен случај, ова беше проследено со геномска дисрегулација, односно нејзините гени за следење на туморот беа буквално исклучени. Таа имаше илјадници гени кои беа во основа дисрегулирани, гените поврзани со поправка на ДНК беа исклучени, таа имала прекин на двојната нишка во ДНК. И кога таа не може да се поправи самата, бидејќи гените се дисфункционални, тоа значи дека овој надворешен генетски материјал, како што е оној од вакцината, може да навлезе во таа скршена ДНК. Значи, се чини ова е тоа што се случило. Ракот по вакцинација е сега сигурен. Исто така, минатиот месец излезе истражување кое следеше 300.000 Италијанци во текот на 30 месеци. Тие беа поделени во група на вакцинирана против Ковид и споредени со невакцинирана група. Вакцинираната група имаше 23 отсто поголем ризик од каква било хоспитализација поради рак. Имаа околу 30-50 отсто зголемен ризик од рак на дојка, колоректален карцином, леукемија, лимфом… Сите овие хоспитализации поради рак беа зголемени кај вакцинираната група. Исто така ова се еден вид евазивни видови на рак. Значи сега знаеме дека овие вакцини се канцерогени.
Ако се знаеше дека спајк протеинот е токсичен, тогаш како е можно да се произведе оваа вакцина што ќе му наложи на телото да го произведе овој протеин, со други зборови да му наложи на телото да произведе отров?
Да, тоа беше многу лоша идеја. Најглупавата идеја во историјата. Не требаше да се доделуваат нобелови награди за таков апсурд што доведе до големи штети. Но во право сте, не знам зошто мислеа дека тоа е добра идеја. Не знам зошто наложувањето на вашите витални органи да произведуваат синтетички токсичен протеин што не е направен од човекот, не знам како некој мислел дека ова би било ефективно, а да не зборуваме безбедно. На никој начин ова не може да биде безбедно. Во основа, вие внесувате автоимунитет низ целото тело.
Да се навратиме на оваа млада жена. Рековте, но повторно ќе Ве прашам, со оглед на тоа дека нејзиниот имунолошки систем бил уништен. Како е тоа можно?
Не знаеме дали ова транспонирало од овој настан, елиминирањето на овие гени. Ние сметаме дека веројатно тоа е така. Што би се случило доколку внесете генетски код на Фајзер или Модерна во вашата ДНК? Па, тоа ќе создаде хаос! А треба да запомнеме дека хромозомот 19 е од витално значење за имунолошките функции. Многу гени поврзани со имунолошките способности се наоѓаат во хромозомот 19, па затоа не сакате да внесете синтетички генетички код во овој хромозом што не е создаден од човекот.
Така спајк протеинот навлегува во хромозомот 19, што е одговорен за имунолошкиот систем – тоа е одговорот на моето прашање?
Да, хромозомот 19 е еден од хромозомите со најмногу гени. Тоа е многу важно. Во него е најгуста концентрацијата на гени па затоа сигурно не сакате нешто да влезе внатре.
Доколку добро Ве разбирам, тоа значи дека многу земји што имаат најголем процент на вакцинирани лица со западни вакцини се во опасност?
Да, би рекол дека за луѓето кои ги примија мРНА производите потребно е да се направи стратификација на ризик за да се види кој е во поголем ризик од овие канцери, срцеви и невролошки настани, и треба да видиме кај колку луѓе се уште е присутен овој генетски материјал, кај колку луѓе се уште циркулира спајк протеинот во крвта. Не ги знаеме одговорите на овие прашања, но има начини да се види кој би бил изложен на повисок ризик а кој не. Единствен начин да се направи ова е преку донесување на упатство за докторите низ целиот свет за тоа како да ги испитуваат овие патологии, бидејќи ова е многу сериозно. Не можеме да продолжиме да го игнорираме ова, со оглед на тоа што огромен процент од светската популација беше подложен на експериментална инјекција. Тоа е многу лошо.
Би била најлошата идеја на свет да се игнорира ова. Ве слушав Вас, го слушав г-нот Питер Меколоу, докторот Патрик Соон Шионг, и сите вие велите дека се наоѓаме во една епидемија на канцер. Нешто слично се случува и во нашата земја. Дали има тесна врска со вакцините или нешто друго се случува?
Како што споменав претходно, постои многу тесна врска со мРНА вакцините. Имаме популациски и експериментални податоци што го поддржуваат тврдењето дека овие вакцини се канцерогени. Постојат и други работи, тука е и инфекцијата, некои велат дека спајкот од инфекцијата може да го исцрпи имунолошкиот систем, а кога имате исцрпен имунолошки систем и хиперинфламација, тоа може да придонесе кон канцерогена активност. Треба да запомнеме дека ова беше произведено, синтетички направено во лабораторија во Вухан и Универзитетот во Северна Каролина на Чапел Хил. Ова не се природни патогени.
Дали сте сигурни дека не беше природен?
Да, не е природен, барем овде во Америка. Белата куќа потврди дека дојде од лабораторија, а сега и сите наши разузнавачки агенции го кажуваат тоа. Така што, овде е прифатено дека беше произведен и изгледа дека таков е случајот.
И никој нема да понесе одговорност за тоа?
Да, никој не понесе одговорност за хаосот во светски рамки. Тие се уште се слободни, се уште говорат на универзитети како ништо да не се случило. Но, милиони беа повредени или починале, и луѓето треба да понесат одговорност за овој дебакл. Но има друга работа што може да придонесе кон овој канцер и сите други работи уште од 2020 година. Не знам дали го направија ова во вашата земја. Дали монтираа 5Г кули?
Да, да.
Ова го направија на глобално ниво, околу 2020, малку пред тоа, малку потоа. И сега имаме преку 50 студии што покажуваат биолошки ефекти врз био-системите преку овие 5Г фреквенции. Ове е многу лошо за човекот. Не знаеме што овие кули им прават на луѓето. Немаме поим што ЕМФ им прави на луѓето. Знаеме дека е лошо но сега е сеприсутно во животната средина.
Дали спајк протеинот од вирусот или вакцината произведува нов бран на автоимуни болести?
Да, бидејќи повторно, тој буквално го исцрпува имунолошкиот систем, ги исцрпува вашите Т клетки. Тоа не е нешто што може лесно да се реши бидејќи е синтетички произведен, па затоа е многу упорен во самото тело што не може да го исчисти. Така, телото се обидува да се исчисти толку долго што тоа предизвикува отштетување на ткивото, предизвикува оксидативен стрес, прави многу лоши работи на телото. Да, и од гледна точка на вакцината и инфекцијата, изгледа дека може да доведе до автоимунитет, но особено од вакцината мислиме дека има многу повисок ризик бидејќи вашето тело буквално го произведува спајкот.
Колку долго телото го произведува спајкот?
Изгледа дека кај некои поединци телото го произведува до недоглед. Ги тестираме луѓето и правиме извештаи. Име едно лице кое добило миокардит и пулмонарен емболизам откако бил вакциниран. Го тестираме три години подоцна и спајк протеинот се уште циркулира во неговата крв. Кај него уште постојат ДНК фрагменти на кожата од вакцините. Овие работи отишле насекаде кај овој човек, тој се уште го произведува и нема копче за ова да се исклучи. Не знаеме дали може да се исклучи, не ги знаеме одговорите на сите овие прашања, никој не ги проучува. Но, кога ќе погледнеме некои луѓе, тие се уште ги произведуваат овие работи.
Рековте дека геном фрагментите од спајкот одат во хромозомот 19. Долгорочно гледано, што значи ова, дали може човечката раса да стане нешто друго? Ако интервенирате во човечката ДНК, веќе не сте истата личност?
Да, технички станувате химера со делумно синтетичка ДНК. За жал тоа е така. Кои се последиците од ова? Знаете дека нема да ви порасне трета рака или уште еден ножен прст, но вашето тело нема да функционира како треба, и многу работи, особено тие што се поврзани со имунолошкиот систем ќе бидат значително дерегулирани и ќе се соочите со зголемен ризик од овие екстремно ретки канцери. Не го сакате тоа таму, и тоа понатаму многу веројатно може да се пренесе на потомството. Така што, ако имате дете и ова е во вашиот геном, вашето бебе веројатно ќе ја има таа секвенца исто така, и тоа ќе има катастрофални последици. И овие сигнали ги гледаме сега овде во Америка. Во 2025 година, бебињата умираат со зголемена стапка од 77 отсто. Значи масовно умираат, a никој не знае зошто. Ова е веројатно една од причините.
Дали постои начин да го исчистиме телото од спајкот?
Да, постојат некои предложени интервенции и една од нив, што ја објавивме во труд од доктор Питер Меколоу со име „Меколоу протокол за основна спајк детоксификација“. Тоа се само три ензими – натокиназа, бромелаин и куркумин. Сите овие доаѓаат од исхрана што е многу безбедна. Експериментите покажале дека тие буквално го деградираат спајк протеинот, буквално го растворуваат. Кога ги внесувате тие стигнуваат до системската циркулација, па така веруваме дека ова му помага на телото да го исфрли спајкот, а имаме повеќе документирани случаи на подобрувања кај синдроми за повреди од вакцини со овој протокол.
Заедно сите три или поединечно?
Сите три заедно.
Како капсули куркума се потребни или е потребна природна куркума во прав?
Најдобро е концентрирана или стандардизирана куркума со високи нивоа на куркумин во неа, што претставува најактивната состојка на оваа потентна антивирална активности, но и нормална куркума е добра бидејќи така го добивате целиот спектар на соединенијата. Така што, било кое е ок, но ако земате апчиња, земете ги оние со високо ниво на куркума во нив.
Кога велите високо ниво, на колку милиграми мислите?
Најчесто, капсулите куркума се од 500мг по капсула, но понекогаш ниедно од добрите работи што ги сакате во високи концентрации не се во тие 500мг. Сакате 450мг од таа капсула да содржи куркума, најмоќната активна состојка што има голем потенцијал. Она што сакате се стандардизирани екстракти.
Доволна е можеби доволна една кафена лажичка куркума во прав?
Да, може да земете само куркума за да го добиете целиот спектар на соединенија.
Со малку црн бибер или нешто друго?
Да, една кафена лажичка е доволно. Куркуминот најмногу помага од инфламаторен аспект, натокиназата е најважниот елемент од трите. Тој е оној што покажува директна деградација на спајк протеините или отворање на овие згрутчувања на крвта предизвикани од спајкот. Ова најмногу ветува. Дефинитивно сакате натокиназа ако го примените овој протокол.
Дали е доволно 500мг натокиназа?
Да, најчесто е во функционални единици, не во милиграми. Најчесто се 4000 до 8000 функционални единици. Запомнете, ова се многу мали капсули бидејќи се многу потентни. И може да го зголемат ризикот од крварење бидејќи тоа е разредувач на крвта и на некој начин инхибира некои процеси на згрутчување.
Затоа треба да се внимава ако земате аспирин или нешто слично?
Да, точно.
Колку сте запознаени со ефектите на ивермектин и фенбендазол кај канцерот?
Имам позитивен став и голема надеж околу ова, бидејќи сега има една системска студија што го испитува ивермектинот и канцерот. Не само што открија дека е безбеден кај пациенти што боледуваат од рак, туку содржи и повеќе од 20 анти-канцер механизми. И имаме видено високи бројки на анегдотски извештаи за ремисија со овој анти-паразит. Но, тогаш стапува на сцена фенбендазол, и имаше една неодамнешна студија од доктор Вилијам Макис во која тој буквално документира три случаи на ремисија, целосна или скоро целосна, кај три пациенти со рак во четврти стадиум преку примена на протоколот со фенбендазол. Овие луѓе беа во многу напредна фаза, ракот се проширил насекаде, и тој им дал фенбендазол во комбинација со други работи, и одеднаш овие тумори едноставно исчезнале. Тоа е документирано во литературата.
Дали е тоа ефективно за рак на белите дробови или рак на дојка?
Еден од случаите во таа студија беше рак на дојка, не се сеќавам за ракот на бели дробови, но изгледа дека ефектот е непредвидлив. Но постоја многу извештаи и толку многу докази што ги поддржуваат неговите анти-тумор ефекти. Тој прави нешто добро и затоа ни се потребни тестирања од поголем размер за да се оцени ефикасноста.
Г-дин Ванден Бош од Белгија изјави дека земјите со висок процент на вакцинација ќе се соочат со нов бран на ковид вирусот што ќе биде посилен од претходниот. Какво е Вашето мислење за ова, дали е можно?
Ова е дефинитивно веродостојна изјава, не би знаел со сигурност, но се чини дека ако сте го истоштиле вашиот имунолошки систем со толку многу ревакцини и ја имате таа дерегулација, имунолошки отпечатоци и други работи, може дефинитивно да се соочите со повисок ризик на потешки форми на заболувања од нови варијанти.
Ќе излезам малку од оваа тема и за крај ќе Ве прашам за Ваше мислење во однос на последната прес конференција на претседателот Трамп и секретарот за здравство Кенеди и врската помеѓу „тајленол“, односно „парацетамол“ и аутизам. Кое е Вашето мислење за ова?
Тајленол и аутизам е комплексна тема. Многу луѓе овде само велат дека го обвинуваат „тајленолТ, но во суштина за тоа е виновна вакцината. Сметаме дека има делумна вистина во ова. Во врска со „тајленол“, има докази врз кои се потпирале, има околу осум студии што го поврзуваат „тајленол“, односно пренатална употреба на „тајленол“ од страна на бремени жени и ризикот од аутизам. Ниту една од тие студии не ја зема во предвид вакцинацијата, ниту една не го спомнува зборот вакцина, бидејќи треба да запомнеме дека бремените жени многу често земаат „тајленол“ поради треска што ја добиле од вакцините. А истото важи и со децата, тие добиваат 20-тина дози до едногодишна возраст, мајките им даваат „тајленол“ како бомбончиња. Работата со „тајленол“ е дека ги затвора односно попречува патиштата за детоксификација, па така ако го спуштите штитот, проследено со вакцините, тоа предизвикува невролошки оштетувања. Во врска со аутизмот, не се работи само за „тајленол“. Се чини дека тој служи само како засилувач на ризикот за аутизам, но изгледа дека вакцините се главниот поттикнувач.
Ви благодарам многу за разговорот! И се надевам дека ќе се видиме повторно, но тогаш со добри вести!
Ви благодарам и јас. Бев почестен што ме поканивте на овој разговор!