Војната во Украина значително ќе влијае на економското закрепнување и ќе го преполови очекуваниот раст на бруто домашниот производ (БДП) на Германија, оцени денеска Институтот за светска економија во Кил.

Годинешниот раст на БДП на Германија, првата европска економија, сега се очекува да биде 2,1 отсто.

– Се очекува последиците од конфликтот да го ампутираат БДП за околу 90 милијарди евра оваа и следната година и да го одложат враќањето на германската економија на нивото од пред пандемијата на коронавирус до втората половина на годината, велат економистите, кои досега прогнозираа раст од четири отсто за 2022 година.