Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во Македонија ќе се крстиме во ново свето тројство по коронавирусот, „во име на светите маска, дистанца и светото миење на рацете“.

И покрај тоа што опаѓа бројот на заразени во Македонија Филипче порача дека некои работи ќе мора да се почитуваат за враќање на животот во нормала и потоа.

Како што нагласи Филипче, маската, дистанцата и дезинфекцијата на рацете остануваат како најважни елементи за справување со вирусот.