Горд сум што ја менуваме комплетно сликата за јавното здравство, објави министерот за здравство Венко Филипче.

– Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи. Овозможивме поквалитетна здравствена услуга за пациентите, но и подобри услови за работа на здравствените работници. Со интензивна работа и многу труд продолжуваме и во следниот период да го зајакнуваме нашето здравство, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

Филипче се гордее, бројот на заразени од коронавирус секојдневно расте, а песните и аплаузите од тераси замолкнаа.