Алдо КЛИМАН

Поробен Македонец е еднакво на секој поробен граѓанин на Република Македонија. Кајшто има макар само еден роб – таму нема ниту еден слободен човек. За Слободата се живее, за неа се умира!
Македонски народе, граѓани на Република Македонија, Заев и неговата уличарска банда деновиве ги „испорачуваат“ нашите последни национални останки.
Како и секогаш досега во историјата, кога ни го држеа ножот под грлото, ни остана само нашиот национален лозунг: СМРТ или СЛОБОДА!
Овојпат дефинитивно сѐ е дотерано до крај, до ѕид, до агол, до безизлез. Ни преостана единствено решително да избереме: СМРТ или СЛОБОДА, како што знаеја храбро и достоинствено да одберат нашите најголеми национални синови низ историјата.
СМРТТА, понижувачка и срамна – тоа никогаш не смее да се заборави! – во нашиов мирен и благословен македонски дом ни ја донесе велепредавничкиот крвник Зоран Заев со својата бедна партиска и големоалбанска клика.
СЛОБОДАТА, тој најсветол збор за секој народ во светот – во наредните неколку денови за македонскиот народ до крај ќе се истопи со последната велепредавничка „испорачка“ на Зоран Заев. „Пакетот“ што го „испорачува“ со неповратна „пратка во една насока“ – тоа сме ние, македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.
Затоа, сега ни преостанува само уште најдиректна, отворена, енергична и бескомпромисна ПОБУНА и БОРБА со таа глутница мизерни предавници, дури и гради в гради, дури и човек на човека.
Ќе има ли во таа неизбежна Побуна индивидуални жртви?
Ако се препуштиме на судбината што ни ја зацртал квислингот Зоран Заев и дозволиме така евтино да нѐ продаде на туѓинскиот гнас – тогаш нема да има никакви индивидуални жртви. Ако не се кренеме многу помасовно, сега и веднаш, ако не излеземе уште поенергично на улиците во сите градови и села, и ако не покажеме решителен, најжесток можен отпор кон овој последен, смртен злостор над македонската нација – тогаш единствените и никогаш непрежални жртви ќе бидат целиот македонски народ и нашата вековна, заедничка, најголема, прекрасна, преубава романтична приказна – нашата најсакана татковина Македонија.
Имаме ли доволно храброст, имаме ли достатна решителност и сила за тоа, или ќе дозволиме да нѐ „спакуваат“ во своите софистицирани нацистички добиточни вагони и да нѐ интернираат кон Логорот на нашата национална смрт со голем фашистички натпис „Бугарија“?
Македонски народе, браќа и сестри, ве повикувам сите до еден, брат до брата, сестра до сестра, другар до другар, да се кренеме на нозе и да не дозволиме неколкумина нечовечки НУЛИ засекогаш да го уништат прекрасниот редок и неповторлив гениј и дух на благородниот македонски народ со сите негови цивилизациски и хуманистички доблести; да не дозволиме еднаш засекогаш да ни ја затнат устата со калта од своите валкани, црни, освојувачки чизми и да ни ги разбиваат забите со своите туѓински дивјачки кундаци и полициски пендреци.
Ги повикувам сите промакедонски партии и сите патриотски организации, веднаш да ги тргнат настрана своите маргинални, секударни политички разлики и недоразбирања, и врз единствен македонски национален консензус, цврсто да се здружат во неизбежната пресудна заедничка борба за спас на Татковината, на македонскиот народ и на неговото заедништво со сите граѓани лојани кон Република Македонија.
Ова, браќа и сестри, е оној единствен, најважен момент во историјата на еден народ кога над сѐ ни е потребно општомакедонско помирување, заедништво и братство. Не смееме да дозволиме тој судбоносен историски момент да нѐ одмине како бесмислено скарани, немушти набљудувачи на библиската трагедија и потопот на сопствениот народ и на сопствената нација.
Ја повикувам сета македонска интелигенција да заборави на сите меѓусебни разочарувања и поделби, да се сплоти во една македонска душа, да крикне за Македонија, зашто само на тој начин таа беше, таа е и засекогаш во светот ќе остане запомнета и препознатлива како израз на ненадминливиот гениј на македонскиот народ – и безрезервно да се придружи кон решавачката борба за спас на Македонија, зашто секогаш низ нашата историја, испишана со чисти, големи, слободарски букви, Синергијата меѓу македонскиот Народ и неговата Интелигенција, како меѓу високиот покрив на нашиот народен македонски дом и неговите цврсти и непоколебливи интелектуални столбови, непогрешливо нѐ водеше кон слободата, што во недалечното минато успеавме и да си ја избориме, што ја имавме, што уживавме во сета нејзина широчина и убавина, а сега, еве, безочни примитивци и предатори ни ја одземаат, ни ја разграбуваат, ни ја растураат и ни ја расфрлуваат на сите страни, претворајќи нѐ од слободни луѓе во ново багателно робје, изгазено, понижено и подложно на модерните конквистадори, оние далечните, и овие овде најблиски.
Ги повикувам сите македонски политички партии, сите релевантни слободни општествени субјекти и сите граѓани, во оваа тешка и нерамноправна борба да ја прифатат безрезервно поддадената патриотска рака на нашата македонска дијаспора во светот, а сите организации на македонското национално малцинство во околните земји да ѝ дадат братска, солидарна поддршка на борбата на македонскиот народ за целосно национално ослободување од страшните меѓународни и домашни гнетители и освојувачи.
Ги повикувам сите граѓани од немакедонска етничка припадност, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, исламизираните Македонци, и сите други народности што во својата испрелетеност и заемна проткаеност низ историјата и културата го чинат оној прекрасен, препознатлив цивилизациски симбол на Македонија – заедничкото Сонце, да си спомнат за долгите, незаборавни, мирни, братски десетлетја што ги делевме под ова благо и толерантно македонско небо, и безрезервно да се придружат во отпорот кон оваа сурова, стравотна, поробувачка, неолиберална и неоколонијалистичка машинерија, што е во постојан синхронизиран заеднички „погон“ со најмрачното светско криминално милје.
Зашто, браќа и сестри и драги пријатели на македонскиот народ, еден поробен Македонец е еднакво на секој поробен граѓанин на Република Македонија, без оглед на тоа на која националност или вероисповед ѝ припаѓа. Кајшто има макар само еден роб, таму нема ниту еден слободен човек.
Македонски народе, нѐ доведоа до работ на најцрниот национален понор! Ни остана само уште нашата решителна, бескомпромисна борба како единствено можно решение за спас на Татковината и нашето општонационално битие!
Изборот е едноставен: СМРТ од ова стравотно велепредавство, или општонационална СЛОБОДА!
Да живее Слободата! За неа се живее, за неа се умира!