Таман Заев најави дека ќе се обезбеди благопријатна атмосфера на пратениците за гласање на уставните измени, камшикаркте од СЈО се јавија ден после таа изјава со отворени 6 нови истраги. Па кај го погодија тајмингот, сега пак ќе плачат вмровците дека им се прават притисоци. Цела среќа што има истрага и за Бујар од ДУИнг бизнис така да ќе се отфрли сомнежот дека сето ова е тенденциозно.

Фала Богу сега нема да може да се вергла дека се прави директен или индиректен пристисок за постигнување на двотретинско мнозинство, затоа што е очигледно дека станува збор само за спроведување на правдата, откривање на криминалите и враќање на милјардите, нема поголем доказ од тоа што е отворена истрага и за актуелен функционер од власта. Тоа што ДУИ беа против најавените предвремени избори од Заев никако не може да биде доведено во врска со криминалното поведение на Бујар во минатото, а ако имате дилема зошто тек сега се отвора истрага против него, тоа е само заради тоа што тек сега дошле на ред да се обработат разговорите во кои се утврдиле криминални активности на тогашниот министер за здравство.

Навистина не може да не им се восхитува човек на енергијата и пожртвуваноста на главните обвинителки на СЈО, негде измеѓу журките на белградските сплавови и истечениот мандат успеваат да најдат време да отвораат нови истраги, да одат на судски рочишта и да им покажат на обвинетите кој е кој во постапката, и покрај сето тоа да не ја изгубат смислата за хумор на рочиштата кога некој од обвинетите е отсутен заради здравствени проблеми.

Не знам зошто Заев бара дополнително камшикар од ЕУ кога си го има СЈО за тоа, а ќе згусне нешто на политичка сцена одма се активираат обвинителките и фрчат нови истраги и обвиненија. И тоа политичарите никако не смеат да го сфатат како притисок туку само како делување на една институција согласно нејзините надлежности во рамките на Законот со кој се формирани, а во духот на европските вредности.

Токму затоа и се формирани надвор од Уставот и им се дадоа одврзани раце во секоја смисла на зборот. Затоа за нив не важи инструментот пресумпција на невиност и правилото обвинителот да ја докаже вината на обвинетиот туку обратно. И не знам како до сега не сфативте дека штом СЈО ќе отвори истрага тогаш Судот мора веднаш да ја напише пресудата, а судењата да се одржат чисто формално колку јавноста да биде информирана дека никој ама баш никој нема да може да му избега на камшикот на обвинителките, затоа што СЈО е над Уставот и Законот.

М-р Мартина Антиќ