Целта на исхраната со жива, свежа храна е да добиеме многу хранливи материи на начин кој е најбезбеден, оној за кој нашите тела се природно прилагодени. Ние во „Здраво Живо“ на сите наши гости им кажуваме дека нема потреба комплетно да прејдат на жива храна, освен кога е тоа е неопходно од здравствени причини, и дека нема потреба да се прогласиме себеси за веган или рофудист (доаѓа од терминот raw food, ро фуд, жива храна), туку дека секојдневно треба да јадеме голема количина на свеж зеленчук и одредена количина на свежо овошје, и ова е важно за речиси сите.

Рофудизмот се јавува во 1800-тите, и постојат две студии чии што докази покажуваат дека придобивките од исхраната со сурова храна вклучуваат:

  • намалување на воспалението
  • подобрување на варењето
  • обезбедување на повеќе диететски влакна
  • подобрување на здравјето на срцето
  • помагање со оптимална функција на црниот дроб
  • спречување на рак
  • спречување или лекување на запек
  • многу повеќе енергија
  • чистa кожа
  • лесно одржување на здрава телесна тежина

Можеби се прашувате колку жива храна е потребно за да се сметате себеси за некој кој јаде најчесто жива храна. Сепак, не постои еден единствен вид на диета со жива храна што треба да се стремиме да го следиме. Постојат различни видови на диети од сурова храна, кои се применуваат на различен начин.

Во зависност од точниот тип што ќе го изберете, диетите со сурова храна може да вклучуваат многу повеќе од само свежи производи. Освен сурово овошје и зеленчук, може да консумирате  ферментирана храна, житарки, јатки, семиња.

Она што ги поврзува различните диети со жива храна е тоа што никако не користиме храна што е пастеризирана, хомогенизирана или произведена со употреба на синтетички пестициди, хемиски ѓубрива, индустриски растворувачи или хемиски прехранбени адитиви. Ова значи избегнување, или барем во голема мера, намалување на најпопуларните спакувани и преработени производи што се продаваат во самопослуга како леб, конзерви, житни продукти, крекери, сирење, рафинирани масла и преработено месо.

Сепак она што е најважно и што во суштина е главната причина зошто секој човек треба да јаде голема количини или само жива храна се ензимите.

Запомнете!

Ензимите се уништуваат со топлина.

Поголемиот дел од сировата храна, исто како и нашите тела, е многу расиплива. Кога свежата храна е изложена на температура над 46 целзиусови степени, почнува брзо да се распаѓа, многу слично како што раегираат нашите тела кога имаме висока температура. Една од состојките која на температура се уништува, а која е од огромно значење за човековото здравје и секојдневно функционирање се ензимите. Ензимите се биолошки катализатори кои ни помагаат да ја свариме храната. Ензимите се протеини иако, и тие имаат многу специфична 3-димензионална структура. На температура оваа структура се менува.

Веќе станува јасно дека една од главните причини зошто е добро да се пијат сокови од зеленчук е всушност фактот дека станува збир на жива храна. Убедена сум дека повеќето од нас ќе забележат значителни подобрувања на здравјето и во енергијата доколку ги зголемиме количините на жива, свежа храна во нашата исхрана. Ако редовно консумираме сок од зеленчук, сосема е лесно да консумираме повеќе од 50 отсто од нашата храна (вистинска храна) како сирова.

Откако ензимите се изложени на топлина, тие повеќе не можат да ја обезбедат функцијата за која се дизајнирани. Готвената храна придонесува за хронична болест, бидејќи во неа содржината на ензимите е оштетена. Во тој случај организмот бара од нас да направиме наши сопствени ензими за процесирање на храната. Дигестијата на варената храна користи вредни метаболни ензими, со што помага да се вари храната. Варењето на варена храна бара многу повеќе енергија отколку варењето на свежата храна. Во суштина, живата храна е многу полесно сварлива и поминува низ дигестивниот тракт од 1/2 до 1/3 од времето што е потребно за варена храна.

Јадењето мрсна храна со ензими создава товар за панкреасот и другите органи, што на крајот ги исцрпува овие органи. Јадејќи преработена храна многу луѓе постепено го нарушуваат панкреасот, со што тој прогресивно ја губи способноста да ја вари храната.