Ете бидна средбата на Меркел и Макрон, пуста Ангела се закрена до Париз да го убеди Емчо да ни даде согласност за датум ама ништо, непопустлив французот.
Тоа е, кога е кусоглед човек не може да ги види епските успеси кои ги ниже оваа влада, а и од завидлк не сака да признае дека сме блескав пример на Балканот, море во Европа каков Балкан. Па така, затоа што од сам старт ја исекол во намерата да го убедува за датумот, а да не е џабe патувањето подискутирале за Турција, Сирија и Брегзит…колку да го пополнат времето до летот на Ангела за Берлин.
Отприлика тоа вчера се случуваше на епската средба, помпезно најавена од новинарските бардови во Македонија за тоа како Ангела се упати да го убедува Макрон за напредокот наш на патот кон ЕУ.
И може вака да си се филмаме до сто и едно и назад и да мислиме дека ние сме некаков фактор околу кој големите сили ќе се натегаат во време на Брегзит и турска инвазија на Сирија, суровата реалност е дека сме последна дупка на шупелката благодарение на блескавата политика на нашата влада. Навистина не можам да сфатам како може некој да верува дека со тоа што сме си го смениле името сме направиле и повеќе од доволно за да заслужиме датум, па и уште да се заканува немој случајно да не извиселе затоа што сме направиле сѐ и сме заслужиле датум.
Ако под сѐ се подразбира криминал и корупција, рекетирање од претставници на власта и специјалната јавна обвинителка, се посиромашниот народ, енормно задолживање на земјата, урнисано здравство итн. тогаш сме направиле навистина многу и заслужуваме почесно место во ЕУ заради постигнати особени успеси и заслуги.
И кај колективно нѐ прават будали со вестите што ги пласираат дека еве Ангела ќе го убедува Макрон и дека Папата дошол што значело имаме зелено светло според Борјан. Па уште и опозицијата била крива ако не сме го добиеле датумот?? Па добро ако е работа на опозицијата да спроведува реформи и да засучи ракави да работи за да донесе инвестиции и слично, тогаш што е работа на Владата? Да шета по бел свет, да јаде по кафани од сабајле до вечер и да радпродава национални интереси?! Ако е така ок, нека кажат бар дека не се кадарни, па опозицијата нека ги води процесите, па ако не е како што треба бар да има зошто да се вперува прстот во нејзе.
Да резимирам, од ова цунами кое нѐ задеси единствен спас се само избори, и да пробаме да ја вратиме државата на прав пат додека не отишло сѐ во неповрат со некадарнициве.
Мартина Басарова Ѓеровска